Centar za edukaciju-BiH



#1 29.07.2021 09:49
Gjoreski Van mreze
Administrator
Registrovan od:02.02.2009
Postovi:1,854


Predmet:Како Исланд ја уништи наркоманијата меѓу тинејџерите?
Пред 20 години младите Исланѓани биле најголеми консументи на алкохол во Европа, а денес е сосема спротивно: во 1998 година, процентот на личности од 15 и 16 години кои пијат, падна на 42, а во 2016 година падна на 5. Бројот на тинејџери кои користат марихуана се намали од 17% на 7%, бројот на пушачи од 23% само на 3%, а времето кое младите го поминуваат дружејќи се со родителите двојно се зголемило.

Ваквиот успех бил постигнат не само со радикален и научен пристап, заснован на факти, туку и со потпирање на она што би можело да се нарече здрав разум. „Тоа е најинтензивно и најдлабоко истражување за стресот во животот на тинејџерите со кои сум се сретнал. Навистина сум импресиониран од успехот“, вели американскиот психолог Харви Милкмен, експерт за проблеми со зависноста.

Сè започнало во 1991 година кога професорот Милкмен го посетил Рејкјавик за да одржи предавање за зависноста. Милкмен на Државниот универзитет во Денвер истражувал зошто некои луѓе кои употребуваат ваков вид на супстанции продолжуваат да ги користат. Тој дошол до заклучок дека станува збор за зависност од промената на хемијата во мозокот.

„Луѓето може да се навикнат на пијалак, колачи, пари, секс, калории, кокаин. Идејата за бихејвиорална зависност стана наш заштитен знак“, вели Милкмен.

Оваа идеја родила нова идеја: оние кои сакаат да ја променат својата свест треба да консумираат хемија во мозокот која не вклучува дрога ниту нејзините опасни последици.

Милкмен во Америка веќе го започнал Проектот за самооткривање, кој на тинејџерите им нуди алтернатива наместо дрога и криминал. Набрзо тој го посетил Исланд за да одржи предавање и станал консултант во првиот центар за одвикнување од дрога за тинејџери во земја со 330.000 жители.

Анонимните анкети кои редовно се спроведуваат во училиштата меѓу децата од 14 и 16 годишна возраст покажале дека 25% од младите испитаници пушеле, а 40% се напиле во текот на последниот месец. Докторите забележале дека нема зависност помеѓу децата кои поминуваат доста време со родителите, како и помеѓу оние кои се занимаваат со спорт три до четири пати неделно, пријатно им е на училиште и не излегуваат доцна навечер. Младите веќе учеле за злоупотреба на супстанциите и превенција, но тоа не помогнало што значи бил потребен нов пристап.

Здружени околу националниот план

За ваков обид бил заинтересиран и градоначалникот на Рејкавик, како и повеќето родители. Во соработка со докторите, наставниците, семејствата и локалната заедница бил донесен нов национален план „Младите во Исланд“.

Најпрво биле променети законите: малолетните лица повеќе не можеле да купуваат кцигари, а помладите од 20 години ниту алкохолни пијалоци. Рекламирањето на овие производи било забрането. Бил засилен контактот помеѓу родителите и училиштето преку родителски организации кои по законот, сега морале да постојат во секое училиште. На родителите им било сугерирано дека е важно времето кое го поминуваат со децата, меѓутоа и квалитетот на времето: тие треба да разговараат за проблемите, да знаат во кое друштво се нивните деца како и да се потрудат навечер да ги задржат дома. Донесен е и закон со кој оние помеѓу 13 и 16 години не смеат да бидат на улица во зима после 22 часот, а на лето после полноќ. Овој закон и денес е во сила.

Родителската организација „Дом и училиште“ им понудила на родителите да потпишат договори со кои се обврзуваат дека нема да ги пуштат деца на забави кои се без надзор, како и тоа дека нема да купуваат алкохол за малолетниците. Со тоа е зајакнат родителскиот авторитет.

Државата пак ги зголемила вложувањата во спортот, музиката, уметноста, танцот и другите активности. Сиромашните семејства добиле финансиска помош за да бидат во чекор со овие програми.

Секоја година биле спроведувани нови анкети меѓу децата, така што истражувачите секогаш располагале со свежи податоци: скок на факторот за заштита, пад на факторот на ризикот и намалување на злоупотребата на супстанции, со што планот успеал.

Izvor : [url=fakulteti.mk]https://www.fakulteti.mk/...a-k0[/url]
↑  ↓

#2 29.07.2021 10:58
Avko Van mreze
Administrator
Registrovan od:28.05.2014
Postovi:4,807


Predmet:Re:Како Исланд ја уништи наркоманијата меѓу тинејџерите?
mislim da ce im se smanjiti broj rodenih
zivot je moja domovina.
↑  ↓

#3 02.08.2021 19:46
Gjoreski Van mreze
Administrator
Registrovan od:02.02.2009
Postovi:1,854


Predmet:Re:Како Исланд ја уништи наркоманијата меѓу тинејџерите?
Citiraj Avko:
mislim da ce im se smanjiti broj rodenih

Zbog ceka mislis da ce se smajniti broj rodzenih ?
↑  ↓

#4 04.08.2021 13:30
Avko Van mreze
Administrator
Registrovan od:28.05.2014
Postovi:4,807


Predmet:Re:Како Исланд ја уништи наркоманијата меѓу тинејџерите?
"Matična organizacija "Dom i škola" ponudila je roditeljima da potpišu ugovore s kojima se obvezuju da neće slati svoju djecu na zabave koje nisu pod nadzorom, kao i da neće kupovati alkohol za maloljetnike. "

Roditelje se dovodi u sve vecu odgovornost za djela koja pocine djeca, a sa druge strane ne dozvoljava se roditeljima da upotrijebe konvencijalne odgojno obrazovne-metode tipa šiba i remen .
To bi moglo dovesti do toga da ce mladi uzivati u svojem zivotu a manje da ce htjeti brinuti se o drugima i snositi odgovornost.

Lako je bilo nekada na selu odgajat djecu kad ih je stalno netko imao na oku, danas djete vidis , mozda, navece
zivot je moja domovina.
↑  ↓

Stranice (1):1


Sva vremena su GMT +01:00. Trenutno vrijeme: 11: 57 pm.